Пасошите за вакцинација во моментов се најбарани во Германија, а се појавуваат сè поголем број фалсификувани документи.
Државното обвинителство во Минхен соопшти дека во моментов пасошот за вакцинација е „најбараната фалсификувана стока“.
Преку онлајн платформите, како што е Телеграм, може да се стигне до таков фалсификат.
– Цените на фалсификуваните пасоши за имунизација со внесени вакцини против Ковид-19 се меѓу висок двоцифрен и низок трицифрен број, се наведува во соопштението.
Постојат и „посебни услови“ за оние кои порачуваат повеќе од еден пасош.
Полицијата посочува дека овие пасоши лесно се фалсификуваат, бидејќи празни пасоши можат легално да се нарачаат, а печатот од лекарот лесно се добива.
Фалсификаторите го преземат потребниот сериски број на вакцината од фотографиите на лицата кои биле вакцинирани и потоа се фалеле со објави преку социјалните мрежи.