Српските граѓани кои ги примиле двете вакцини во Србија, може да одат на спортски натпревари и концерти.

Заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, изјави дека е време Кризниот штаб да донесе одлука оние што се ревакцинирани да можат да присуствуваат на спортски натпревари. Понатаму, се бара да им се дозволи да одат и на други манифестации. Весиќ вели дека доколку некој е вакциниран и ја послушал својата држава, треба да му се овозможи да живее нормално, а не да ја плаќа цената за оние кои се неодговорни.

– Секако, на стадионот, дури и ако сте повторно вакцинирани, треба да ја почитувате дистанцата и сите пропишани мерки. Што се однесува до невакцинираните, треба да се размисли да им се дозволи влез доколку донесат негативен тест на вирусот Ковид-19, стар 24 часа, изјави Весиќ за ТВ Хепи.

Градот Белград бара строго да се контролираат постојните мерки, да не се воведуваат нови ограничувања.