-Дозите на вакцини кои стигнаа во нашата земја, се со рок на траење до јуни 2021 година, односно заклучно со 31 мај 2021 година – информираат за „Слободен печат“ од Министерството за здравство.
Вакцината од оваа пратка покрај за повозрасните од 77 години кои добиле термин за неа преку матичните лекари, е наменета и за вработените од критичната инфраструктура, односно АРМ, МВР, учителките, возачите на ЈСП, новинарите.
Во меѓувреме вакцината на „АстраЗенека“ во земјава не се дава на лица кои се помлади од 60 години како мерка на дополнителна претпазливост.
Германија и Канада ја запреа вакцинацијата со „Астра Зенека“ за помлади од 60 години затоа што се испитува дали тромбозата што се јавила кај некои од луѓето што ја примиле, има причинско последична врска со самата вакцина.