Цените на храната и нафтата во пораст – Македонија и регионот зафатени од ценовно „цунами“
Цените на маслото за јадење и натаму се во пораст. По март, и во април статистиката регистрираше зголемени трошоци на живот за 2,2 отсто во споредба со истиот месец лани, а во споредба со март растот е за 0,7%. Но, она што се забележува е дека на месечно ниво поголеми стапки на раст има кај основните прехранбени производи.
Трошоци на живот април/март
Масло и масти 10,8%
Течни горива 15,6%
Овошје 4,2%
Зеленчук 4,4%
Транспортни услуги 4,3%
Воздухопловен патнички транспорт 9,8%
Извор ДЗС
Зголемените трошоци на живот се детерминирани од ценовниот раст па така најновите податоци покажуваат дека во април во споредба со истиот месец лани цените на мало се зголемени за 3,7%, најмногу непрехранбените призводи и тутун за 6,8% и кај индустриските производи за 5,1%.
„Порталб“ веќе анализираше дека земјава е под наплив на ценовен бран. Литар масло за јадење веќе достигна 97 денари. Забележеително е дека повисоки цени имаат и узвоните производи како чоколадото и слатките производи, но поскапени се и пецивата.
„Од пред неколку денови поскапеа пецивата. Еве гевречето чини 18 денари, го поскапевме за три денари“ – ни изјави продавачка од една скопска пекарница.
Растот на цените ќе продолжи, но сепак инфалцијата ќе остане умерена – уверуваат од Народната банка која за годинава ја ревидираше прогнозата за инфлација на 2,2%
„Кај нафтата, по падот од 35% измината година сега се очекува раст од околу 38%, а потоа повторно умерен пад наредната година. Слична ценовна динамика се очекува и кај останатите енергенси, храната и кај металите“ – соопштија од НБМ и објаснуваат:
„Ризиците за проектираната патека на инфлација се главно поврзани со неизвесноста околу увезените цени на примарните производи кои се многу променливи, можните ограничувања на понудата поврзани со пандемијата, како и евентуалниот побрз и поцелосен пренос на растот на цените на инпутите врз финалните цени на производите“.
Ваквиот тренд на ценовен раст во земјава е очекуван со оглед на тоа што на светските берзи веќе се регистрирани “пик“ цени на основните прехранбени производи и суровини за производство – највисоки во изминатите седум години. Според податоците од Организацијата за храна и земјоделство шеќерот е поспакен за 60%, житариците за 26%, а маслата за 24,1%.
Со растечка инфлација се соочуваат и земјите од регионот, во Србија, во април, на месечно ниво регистрана инфалција од 1,1% додека на годишно ниво од 2,8%. И светските економии се соочуваат со растечка инфлација – На годишно ниво, во април, во САД е регистрарано зголемување за 4,2 проценти што е најголем ценовен пораст од септември 2008 година. Додека статистиките бележат раст на цените, вредноста на “денарот“ се топи под напливот на поскапувањата. Повеќе од 42% од трошоците на живот пресликани преку Синдикалната кошница на ССМ се за исхрана и пијалаци, а скоро 32% за домоување – што значи дека дури 74% од тршоците се за сметки и храна.
Трошоци за живот (ССМ) – април
Исхрана и пијалоци 14.332,46 денари
Домување 10.809,32 денари
Хигиена 2.386,00 денари
Превоз 2.503,83 денари
Остантиот дел од трошоците отпаѓаат на Облека и обувки, Култура и Одржување на здравје.
„Синдикална кошница за месец април 2021 година е зголемена за 204,00 денари во однос на претходната за месец март 2021 година поради евидентното зголемување на индексите на трошоците на живот за април и тоа на исхрана и пијалоци за 1,2%, Облека и обувки за 1% и Хигиена за 1,1%“
Според пресметките на ССМ за да се овозможи „елементрана “ месечна живеачка потребни се 33.976 или 550 евра.