Таа на „Фејсбук“ ја објави веста дека премиерот на Косово, Албин Курти е првата личност која на Косово ја примила вакцината „Астра Зенека“, со што почна вакцинацијата на населението против ковид-19 во оваа држава.

Во неделата, на 28, на Косово пристигнаа 24.000 дози од „Астра Зенека“ од ковакс-системот. Исто толку дози во неделата доби и Македонија, преку ковакс-системот. Масовната вакцинација во Македонија треба да почне утре, на 31 март.

– Е ова е премиер! Со јасна порака за граѓаните, а не со „вадење“ како нашиве (кои се гарант вакцинирани предвреме, па сега не смеат да примат јавно и оставаат сомнежите да растат кај граѓаните). Заев и Венко требаше да бидат првите на среде плоштад, а не да се прават божем несебични, пишува Ванковска на „Фејсбук“.

Е ова е премиер! Со јасна порака за граѓаните, а не со „вадење“ како нашиве (кои се гарант вакцинирани предвреме, па…

Posted by Biljana Vankovska on Tuesday, March 30, 2021