На првиот четвртфинален натпревар од СЕХА Газпром лигата меѓу Вардар1961 и ППД Загреб во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде дозволен влез на одреден број на публика.

Добиена е дозвола за искористување на капацитетот на салата до максимални 1.800 гледачи,

Според последните протоколи што ги усвои Владата, влез ќе им биде дозволен само на лицата кои ќе имаат: сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) против Ковид-19, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест; сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст. Истиот треба да го покажат при влегување во салата.

Билетите за влез ќе бидат бесплатни и ќе може да се подигнат од Билетар 2 (пред влезот на малата сала во СЦ „Јане Сандански“ во среда (25 август 2021 година) во периодот од 11:30 до 15:30 часот. Подигањето на поканите (билетите) ќе биде додека има слободни места. Едно лице може да подигне најмногу 2 (две) покани (билети) за натпреварот. Останува правилото при добивање на билетите да се покаже соодветен документ за идентификација (лична карта) и сертификат, според протоколите на Владата.

Задолжително ќе биде носење на маски во текот на натпреварот, односно од влегувањето во салата.

Натпреварот Вардар – Загреб е закажан за четврток (26 август 2021) со почеток во 20:15 часот.