Во вакви случаи при терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност или другиот член којшто зборува за напад, план, умисла итн. седум месеци се премногу долг период за да биде сфатено Обвинителството сериозно дека навистина си ја вршело работата, доколку било терористичко здружување, затоа што сите обвинети беа ставено под еден ист аршин, беа одбрани и апсени и ставени во притвор, истакна Василевска.
Василевска вели како е можно луѓе кои претставувале според Обвинителството терористичко здружување да се запознаат во притвор и тогаш меѓусебно да се разберат како е можно да бидат ставени под еден ист член од законот и обвинети за исто дело.
Самата постапка за 27-ми април е погрешна уште од почетокот, доколку беше така тие луѓе ќе беа апсени уште следниот ден, немаше да им треба седум месеци да смислат сценарио кое што подоцна ќе го продуциират во нешто друго кое подоцна го видовме со уставните измени, појасни Василевска.
Власта од затвор ги донесе пратениците да гласаат уставни измени – критикуваше Василевска.