Според информации на Фактор, Васко Ковачевски, актуелниот директор на АД Електрани на  Македонија (ЕСМ) треба да биде разрешен од функцијата на денешната владина седница, но официјална потврда од Владата нема, а не ја потврди ни самиот.

Изворите велат дека иако определбата за смена на Ковачевски била децидна минатата недела, големо влијание за носењето имал и разојот на настаните на политичката сцена изминатиов викенд па и вчера. ВМРО-ДПМНЕ поднесе вчера барање за гласање на доверба на Владата, а премиерот Зоран Заев во објавата која следуваше не навести сепак дека ќе си ја поднесе оставката од премиерската функција и официјално иако веќе ја најави на денот на вториот круг од изборите.

Прочитајте повеќе на Фактор.