Таа преживеа вистинска голгота откако се породила во болницата во Струга со царски рез, но од операцијата излегла без матка, бубрег и без еден јајник.

За Слободен печат вели дека е лута и разочарана што и по 9 месеци не е најден пропуст во нејзиниот лекарски третман од страна на стручната комисија составена за да го ревидира нејзиниот третман во струшката болница. Јилдизз револтирана кажува дека правдата ќе ја тера и бара во македонските судови, и покрај тоа што се наоѓа во лоша здравствена состојба.

– Ова не е нормално. Знаеме дека имало хематом. Ама стручната комисија требаше да каже од што настанал тој хематом. Јас тврдам дека настанал од пресек на крвен сад во текот на операцијата. Девет месеци чекавме да ни кажат дека имало хематом?За ова време можев да отидам во странство да направам анализи, а не да ги чекам нив. Премногу сум разочарана и лута. Стручната комисија ми кажа дека се тука да ми помогнат, а ова ли е помош? Сите ќе ги тужам, сите што имале било што со таа операција во Струга. И ќе одам до Стразбур да ја најдам правдата. Знаеме дека имало хематом и дека имало обилно крварење, ама јас пред операцијата со царски рез немав ни хематом ни обилно крварење, тие две работи се настанати во текот на операцијата. Ова што ми го направија мене, не му се прави ни на куче. Не е можно од хематом да се вади бубрег и зошто ваделе матка и јајник ако крварењето било кај бубрегот. Кога е настанат тој хематом, бидејќи пред царскиот рез немав никакви проблеми и крвната слика ми беше сосема стабилна и добра. Барам од Министерот за здравство да излезат јавно да го соопштат ова на дебата и да кажат кога и каде и ќе дојдам. Ова е криминал! Барам и веднаш да ми ги достават документите што им се уредно побарани, односно декурсус морби и оперативниот протокол. Тие се побарани и од Скопје и од Струга, меѓутоа не ми ги даваат, иако адвокатот им ги побара. А не ми ги даваат, зашто тие документи ми се потребни да ми се констатира во странство, што точно се случило. Ќе направиме и вештачења во странство, зашто овде ова е криминал, изјави Веапоска за Слободен печат.

Целата вест на следниот ЛИНК.