Претседателот на Собранието Талат Џафери да не одложува и веднаш да го стави на гласање предлогот за пристапување кон уставните измени, а ако нема двотретинско мнозинство, парламентот да се рапушти и да одиме на предвремени избори, со цел идниот парламентарен состав да ја продолжи интеграцијата кон ЕУ, повика претседателот на Алтернатива Африм Гаши на прес-конференција на која присуствуваа и претседателите на Движење Беса Билал Касами и на Демократско движење Изет Меџити. Тој побара во рамките на овие уставни измени да се направи пакет и со нивните барања во Уставот за внес на албанскиот јазик, но не прецизираше дали ќе инсиситираат на тоа или ќе ги подддржат уставните измени за внес на Бугарите и без реализацијата на нивното барање, пренесе Слободен Печат.

Ако немаат мнозинство за уставни измени, а не изгласаат предвремени избори во име на побрза евроинтеграција, тогаш власта ќе покаже дека се грижи само за да остане што подолго власт, подвлече Гаши.

– Бараме од преседателот на Собранието итно да ја стави на гласање потребата од промена на Уставот со цел да ја поминеме што побрзо првата фаза од уставните измени и да влеземе во суштинскиот процес на тие измени. Повикуваме да не се крие зад неоснованите оправдувања и да ги стави амандманите за измена на навредливиот именување „20 отсто“ за алабанскиот јазик, како и против застареност на случаите со политичка корупција. Меѓуетничката кохезија и борбата против корупцијата се европски вредности и принципи, исто како и обврската за добрососедски односи, ако не и повеќе – рече Гаши.

Тој ги повика сите пратеници без разлика на нивната партиска, етничка и идеолошка припадност на утрешната седница итно, без дискусија и без олагање да гласаат за потребата од промена на Уставот.

– Ако на краток рок не се обезбеди мнозинството за првата фаза од уставните измени ќе биде јасно дека овој парламентарен состав нема капацитет да ги деблокира преговорите со ЕУ. Ако е ова така, не треба да губиме ни час повеќе, и ако нема мнозинство за првата фаза, повикуваме да се гласа за рапуштање на парламентот и распишувањње на парламентарни избори, за да се бара друг пармаментарен состав кој ќе има капацитет и политичка волја за протуркување на интегративните процеси кон ЕУ. Ние сме тука да го поддржиме процесот и да водиме битка против сите оние кои го попречуваат овој пат, било со одлагање, како што тоа го прави власта, било со одбивање како што прават некои опозициски артии – повика Гаши.

На прашање што ако власта не изгласа распуштање, Гаши потенцира деја тоа не е во согласност сп европската определба на власта.

– Нели мнозинството е тоа што се повикува на Европа, дека им е битно што побргу да се почнат преговорите. Еве, да одиме на избори, ќе има нов парламентарен состав и ќе ги почеме преговорите. Ако премиерот не дозволува, тоа значи дека ним им треба Владата, а не им требаат уставните измени. Да покажеме кој за што е. Ние сме за итно да го почнеме процесот за уставни измени, со цел преговоери со ЕУ, а власта е за еден час или ден повеќе да останат во Владата. За нив е важна власта, ништо друго, ни граѓаните, ни европската преспектива – рече лидерот на Алтернатива.

Тој најави соработка со Беса и Демократско движење и можност шестмината пратеници на овие три опозициски партии да формираат пратеничка група во Собранието.

– Разговараме за сите постапки за окрупнување и наша идна соработка. Една од опциите е параментарна група. Работа на време е кога ние ќе одлучиме кои чекори први ќе ги направиме. Важно е дека се прошируваме, сакаме да настапиме заедно на изборите, по кои ќе има промени во албанскиот политички блок – рече Гаши.