Во велешката болница моментално вкупно се хоспитализирани 68, од кои 51 се потврдени позитивни, 4 сомнителни и 13 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 33 пациенти,информира портпаролот д-р Елеонора Јованова.

Во Инфективно одделение се хоспитализирани 38, во Модуларна болница 23 и на Интерно одделение седум пациенти.

Испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

Последниве три дена иако минимално по еден секој ден,но сепак е во опаѓање бројот на хоспитализирани.

Инаку ако денес се хоспитализирани 68 пациенти,за споредба вчера беа 69, а завчера 70 појаснува д-р Јованова.

Таа информира дека на 27 септември во понеделникот беа 64, а кога веќе наредниот ден во вторникот бројката се искачи на 70 хоспитализирани пациенти.

Инаку во Велес и велешко активни на болеста вчера беа 331 лице