Денеска во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Б.(42) од Велес.

Приведен е постапувајќи по претходна пријава од неговата 71-годишна мајка дека во семејниот дом, по кратка расправија, ѝ се заканувал и ја нападнал со остри предмети, по што ѝ нанел расекотина на раката, а потоа фрлал и кршел предмети во домот.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.