Поднесено е првото обвинение за измамите со лажните Трамп пари, картички, и монети креирани од велешани, но не во земјава туку во америка. Американското Министерство за правда објави дека двајца велешани 25 годишен Горан Спиридонов и 39 годишната велешанка Кристина Јанева се обвинети за измама на голем број американски граѓани.

Според соопштението на министерството истрагата ја работеле обвинител од Њујорк и истражител од ФБИ а делата за кои ги гонат се со задолжителна затворска казна до 20 години. Во него се вели дека тие со други учесници во шемата во 2023 година продавале лажни Трамп картички преку канали на Телеграм и онлајн пазар Меркетплејс 1. Бил креиран и лажен банкарски систем ТРБ. Ги уверувале поддржувачите на Трамп дека со купувањето ќе ја помогнат кампањата на идниот претседател, и дека картичките се полни со десетици или стотици илјади долари што би ги земале кога Трамп ќе победи.

„Сите овие изјави се лаги. Производите на „Трамп Бакс“ се безвредни; не можат да се заменат во ниедна банка; и немаат никаква поврзаност со претседателот Трамп, членовите на неговото семејство или членовите на неговата администрација. Спиридонов и Јанева се обвинети за заговор за вршење измама и измама по елкектронски пат за кои максималната казна е до 20 години затвор. Обвинети се и за тешка кражба на идентитет, за која е задолжителна казна од две години затвор“, стои во соопштението на Министерство за правда на САД.

Инаку Радио Слободна Европа на македонски во февруари 24 година објави истражување за измамите на велешани и откри околу 70 велешани кои се занимаваат со лажна продажба на Трамп картичките. После ова беше отворена истрага и во македонското обвинителство за гонење на организиран криминал, но никогаш не заврши. Сега и од МВР и од обвинителстовто велат дека биле контактирани од амерканските истражители и им ги дале потребните информации. За сега нема барање за потерница по двајцата обвинети. По објавувањето на сторијата сајтовите започнаа да згаснуваат.

Инаку Велес уште во 2016 та стана познат по креирањето на лажни вести во кампањата во тогашните избори во корист на Доналд Трамп. Откако сајтовите загаснаа го добија името телеграмџии оти преку телеграм групи целеа американски граѓани за измама. Ова е прв случај кој добива правен епилог поврзан со измамите.

Извор: Телма