30-годишна велешанка по втор пат е регистрирана како позитивна на ковид-19, откако се тестирала затоа што додека била на одмор добила симптоми, објави порталот Велес365.
Поради бројните симптоми и здравствената состојба во која се наоѓа, таа е задржана на лекување во Општата болница Велес на Инфективното одделение.
Прв ваков случај во Велес беше регистриран во текот на месец март минатата година кога велешанец на возраст од четириесетина години беше по втор пат заразен со коронавирусот кој го имал прележано за прв пат во месец јануари минатата година.
Во моментов, во Велес има 29 активни случаи со ковид-19.