Поради полицискиот час, камбаните наместо на полноќ, биеја во 21 часот, кога беше соопштено Христовото воскресение и проследено со огномети во сите атински населби.
Иако за верниците задолжително беше да носат две маски, а во дворовите на црквите, да има по едно лице на десет метри квадратни, сепак не беа целосно запазени овие мерки.
Грчката претседателка Катерина Сакалеропулу и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во нивните велигденски честитки се осврнаа на пандемијата и изразија надеж за брзи излез од здравствената криза.
Мицотакис истакна дека овој Велигден мислите се насочен кон оние кои ги загубија животите од Ковид-19 и кон оние кои се во болниците, но и дека „пролетниот Велигден претскажува послободно лето, а божествената светлина станува сонце на оптимизам за излез од глобалната перипетија со пандемијата“.
– Деновите што доаѓаат можат да бидат навистина подобри. Така што следните месеци да станат попродуктивни, а следните години, години на поголем просперитет за Грција и сите Грци, порача Мицотакис, кој се осврна и на имунизацијата истакнувајќи дека на крајот од мај може да достигнат и до пет милиони вакцинирани граѓани.
Сакеларопулу ја следеше свечената литургија во Соборниот храм во центарот на Атина, во присуство на министри од Владата, а по завршувањето изрази надеж дека „годинашното Воскресение ќе значи крај за пандемијата, заздравување на раните на телото на човештвото и конечен триумф на доброто, преку светлото на љубовта и солидарноста“.