Едно лице загина, а има и повреден во тешка сообраќајка на обиколницата во Скопје кај клучката во Радишани, каде што попалднево автомобил удрил велосипедисти.

Од МВР за МИА информираат дека во 15:48 часот е пријавено дека на обиколница, по клучката Радишани во правец кон Тетово се случила сообраќајна несреќа во која возило „мазда“ со скопски регистерски таблички управувано од Р.Р. (63) удрило во двајца велосипедисти – А.Ш., кој починал на лице место и А.П., кој се здобил со повреди и со возило на Итната медицинска помош е пренесен во ургентен центар „Мајка Тереза“.

Полициски екипи во моментов вршат увид на место на настанот.