Бројот на жртвите се зголеми на 20, јавија синоќа локалните власти, наведувајќи дека во првиот биланс се зборуваше за 15 загинати лица. Министерството за внатрешни работи соопшти дека повеќе од 54.000 луѓе се изложени на ризик, додека венецуелскиот претседател Николас Мадуро одобри логистичка и финансиска помош за погодените области. Поројните дождови уништија околу 8.000 домови во 11 од 23 држави на Венецуела.
Венецуела: Најмалку 20 лица ги загубија животите во поројните дождови
В
Најмалку 20 лица загинаа, а 17 исчезнаа во поројните дождови што го погодија западниот дел на Венецуела, се наведува во новиот биланс за жртвите на локалните власти.