Претседателот Николас Мадуро, соопшти дека вкупно 70 отсто од граѓаните на земјата се веќе вакцинирани.
Морам да ве информирам дека вакцинирањето на децата постари од две години почна од понеделник, 8 ноември – изјави шефот на државата за телевизискиот канал Венезолана де Телевизион (Venezolana de Televisión).
Мадуро истакна дека до 30 ноември се очекува да се вакцинираат 80 отсто од населението, а до 31 декември таа бројка да порасне и до 90 отсто.
Владата користи вакцини произведени во Русија, Кина и Куба.
Според Министерствота за здравство на Венецуела, од почетокот на пандемијата, повеќе од 412.000 луѓе се заразиле со корона вирусот, а 4.955 починале како резултат на инфекцијата.