Тие ги раскажале сите проблеми и предизвици кои се нивно секојдневие.Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија -МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА има за задача да ги претставува и застапува лицата со телесен инвалидитет и нивните интереси во комуникација со државните органи во земјава, како и на меѓународно ниво.
– Посветивме внимание и време во кое се разговараше за недискриминација и поттикнување на лицата со телесен инвалидитет да се потпираат на сопствените сили и способности, за економска, социјална, здравствена и правна заштита, како и создавање услови за непречен секојдневен живот, стои во соопштението.
Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Душко Весковски, заедно со присутните советници, истакнале дел од програмата за Локалните избори 2021.
– Ќе обезбедиме висок степен на инклузија на лицата со посебни потреби во општествените процеси, а при реализацијата на кој било проект во Општината, ќе се применуваат највисоките стандарди за олеснување на нивното движење и секојдневие. Визијата e една и заедничка – Општество во кое се почитува различноста на секој граѓанин, вели Весковски.