СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(23) од село Слатино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци“.

На 29.05.2022 во село Жилче, полициски службеници запреле патничко возило „ауди“, управувано од пријавениот, во кое биле две лица од истото село, при што тој од прозор фрлил отпушок со марихуана.

По преземени мерки било утврдено дека А.М. на едно од лицата му овозможил да користи од дрогата.