Вистинско „шоу“ за јавноста во Албанија. Во албанскиот парламент денес се случил хаос, откако на пратениците на опозициските партии не им било дозволено да влезат во салата. Тие потоа, преку прозорците на зградата успеале да влезат на собраниската седница.
Пратениците по судирот со обезбедувањето на главниот влез нашле „алтернативен начин“ да влезат во зградата.
Нивните колеги кои биле внатре ги отвориле прозорците на институциите, за да тие со помош на столчиња да можат да влезат во собранието.
Пратениците Ервин Салијањи, Петрит Дода и Едмонд Спахо во петокот биле исклучени од работата на собранието на 10 дена.
Единствени кои не успеале да влезат во собранието се Газменд Барди и Албана Вокши, кои чуварите во последен момент ги спречиле да влезат низ прозорците.