Новогодишната атмосфера во Скопје иако имаше најави за големо украсување повторно доби хаотичен крај. Многу граѓани преку социјалните мрежи изразија разочарување поради недостатокот на празничен дух.
Градоначалничката Данела Арсовска се соочи со критики бидејќи градот сè уште го чека пристигнувањето на својата традиционална новогодишна елка, симбол на празничното веселба. Улиците остануваат слабо украсени, а настаните што вообичаено привлекуваат многу родители, дечиња, но и од сите генерации изгледаат незадоволувачки. Дури утрово, далеку по сите европски метрополи Скопје доби елка, која е несоодветна според многумина.
Актерот Александар Михајловски од Македонскиот народен театар со сатиричен коментар за китењето на елката на градскиот плоштад во Скопје:
View this post on Instagram
Снимката е вирална на социјалните мрежи.
Граѓаните очекуваа повеќе од раководството на главниот град, но одложувањата и некоординацијата ги нарушија плановите за новогодишна прослава на градот. Додека надежите за подобрувања остануваат пред крајот на празниците, сегашното расположение се чувствува далеку од празнично.