Ана Павловска Данева, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и поранешен пратеник од СДСМ, во дневникот на „Сител“ рече дека подзаконскиот акт со кој Владата овозможи да продолжи изработката на нови лични карти засега е важечки, но како што вели таа, не е уставен.
Таа тврди дека легитимно е да важи во делот на тоа дека треба да се испише новото уставно име на личните документи, но не може со подзаконскиот акт да се признае барањето на коалицискиот партнер „Беса“ за етничка графа што е предвидена со одложено дејство од следната година.
„Подзаконскиот акт ќе важи но не е уставен. Блокирањето на законот од „Левица“ со амандмани, не е заради уставното име, туку таа го блокира законот за лични карти заради амандманот на Беса. Тоа е неуставно, недозволиво, спротивна од Европската конвенција за човекови права“, рече Павловска Данева.