Австралискиот премиер Ентони Албанезе си даде слободно време од водењето на земјата за да ја запроси својата девојка Џоди Хавдон на Денот на вљубените.
Денеска, Албанезе ја објави свршувачката со селфи на среќната двојка на социјалните мрежи со натпис: „Таа рече да“.
На фотографијата Хејдон носи веренички прстен кој нејзиниот вереник помогнал да го дизајнира. „Голема радост е да најдам партнер со кого сакам да го поминам остатокот од мојот живот“, изјави Албанезе во интервју за Скај. Откако вчера го помина Денот на вљубените во италијански ресторан, Албанезе го постави прашањето на балконот од официјалната резиденција на премиерот во Канбера.
Хејдон рече дека била трогната од честитките што парот ги добил. Албанезе и Хејдон првпат се сретнале на настан во Мелбурн на почетокот на 2020 година и нивната веридба е прва веридба на актуелниот премиер.
View this post on Instagram
Опозицискиот лидер Питер Датон, обично жесток критичар на премиерот, им честиташе на парот во парламентот и рече дека со нетрпение ја очекува „нашата верзија“ на кралската венчавка.