Без предрасуди и со заедничка цел

Сопругата на кандидатот за градоначалник на Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, Линдита Јовановска, по националност Албанка, се обрати до жителите на Кичево со порака за поддршка на нејзиниот сопруг.

Апел до граѓаните

„Почитувани кичевчани, драги пријатели, долго размислував дали да ви се обратам. Иако давам силна поддршка на мојот сопруг за да стане градоначалник, имам обврска како мајка, како жена, како Албанка, која има обврска кон своите деца и кон децата на сите вас“, истакна Јовановска во своето видео-обраќање.

Погледнете го видеото:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Press24 (@press24.mk)

Повик за единство и развој

Таа ги повика граѓаните да гласаат за бројот 9 и за Александар Јовановски, со порака дека Кичево заслужува повеќе работа, морал и чесност. „Да изградиме подобра инфраструктура, да создадеме нови работни места и да ги задржиме нашите деца овде, во Кичево“, нагласи Јовановска.