Сомнително е одењето на Рашковски во Мексико бидејќи непосредно пред одењето имаше голем скандал.

Новинарот Златев заедно со гостинот го коментираше „одморот“ на  Љупчо Николовски и Драги Рашковски и праша дали станува збор за софистицирани финансиски операции, или пак за одмор на двајцата луѓе кои се блиски до Заев.

Бежовски рече дека е легитимно да се сомневаме во секој.

– Зошто управата за финансиско разузнавање затаила во овие случаи, прашува Бежовски.

Бежовски кажа дека безбедносното прашање кое го спомна премиерот Заев и не го дообјасни помина незабележано во јавноста.

Тој најпрво кажа дека јавноста треба да биде информирана дека ние веќе сме НАТО земја, а чим е загрозена нашата безбедност загрозена е и НАТО безбедноста. Следствено на тоа упати неколку прашања.

– Зошто управата за финансиско разузнавање не постапува по барање на меѓународната заедница да испита 10 ентитети за наводи за перење пари? Перење пари кои доаѓаат од некоја источна земја каде има екстремизам и  докази за финансирање тероризам?, вели Бежовски за Радио Лидер.


Тој поставува и други прашања кои ги упатува до безбедносните институции.

– Зошто ако има некои такви информации не постапува управата за финансиско разузнавање и АНБ?, прашува Бежовски во гостувањето на Радио Лидер.

Тој потсетува дека и историски Македонија е буре барут на Балканот.

– Дали некоја институција или држава која финансира тероризам за да ја наруши НАТО безбедноста ја таргетира Македонија како слаб систем, завршува Бежовски..