Јас мислам дека не треба да стојам тука на вакви прашања, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој потоа ја напушти денешната заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, откако еден од новинарите го праша премиерот што мисли за сценариото највисоките државни функции да ѝ припаднат на ДУИ доколку не бидат успешни претседателските избори.

„Во случај на неуспешни претседателски избори, дали сте подготвени да прифатите дека државата останува во рацете на ДУИ со тоа што ќе биде назначен Албанец за премиер, а функцијата шеф на државата ќе му припадне на собранискиот спикер Талат Џафери?“, вака гласаше прашањето.

Ковачевски рече дека новинарското прашање било „апсолутно некоректно“. Додаде дека имаме концепт за европска Македонија.

„Меѓутоа, имаме појава на еден популизам, којшто во својата основа има етно-национализам и ксенофобија, што за мене е форма на модерен фашизам“, кажа Ковачевски.

Ковачевски вели дека сите граѓани добиваат ист третман.