Видеото на Неуралинк долго три минути го прикажува Пејџер, макаки мажјак, кој на двете страни на мозокот има вградени чипови, како игра „Мајнд понг“. Иако бил трениран да игра користејќи џојстик, тој дел од конзолата сега е исклучен. Движењата во играта ги контролира мислејќи на движење на рацете горе или доле, пренесува Ројтерс.

– Првиот производ на Неуралинк ќе им овозможи на лицата со парализа со мислите да управуваат со смартфон побрзо отколку што некој би можел користејќи прсти, објави Маск во четвртокот на Твитер.

Повеќе може да погледнете од видеото во продолжение.