Црногорскиот инфлуенсер Јован Радуловиќ објави видео со Новак Ѓоковиќ.
Во видеото се гледа како Радуловиќ му кажува на Ѓоковиќ шега за Рафаел Надал и Роџер Федерер. Ноле, слушај го ова… Надал и Федерер играат, а сега се префрлаат, играат добро…“, вели Црногорецот. После тоа, Ѓоковиќ накратко го прекина со прашањето: „А кој е тој?
„Така, кој е… Малиот од Швајцарија… Федерер го добива, толку добро го гази. Надал се врти и вели: Брат, знаеш ли дека јас сум за тебе Ѓоковиќ “, заклучил тој, а Ѓоковиќ и инфлуенсерот почнаа гласно да се смеат.
View this post on Instagram
Инаку, Новак Ѓоковиќ по депортацијата од Австралија во четвртокот од Белград замина во Црна Гора, поточно во Тиват. Тој го посети и тамошниот манастир Острог, каде што се сретна со митрополитот Црногорски и приморски Јоаникије.