Македонската ракометна репрезентација го започна Европското првенство со пораз од 36-24 против Данска
Македонската ракометна репрезентација го започна Европското првенство со пораз од 36-24 против домаќинот Данска во Хернинг.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров добро го отворија мечот пред максимални 15.000 гледачи во арената „Јиске банк боксен“, имаа 3:3, но со три подарени топки во нападот му дозволија на домаќинот да се одлепи на 8:3 и да ја задржи таа предност до паузата, на која замина со водство од 17:12.
Македонските ракометари пробуваа да парираат, во неколку наврати се доближија до -3, последен пат 10:13 во 22. минута, но топ-фаворитот за европското злато не допушти загрозување на удобната позитива.
Второто полувреме во целост им припадна на Данците, кои од минута во минута само го зголемуваа резултатскиот јаз и без преголем напор ги прокнижи ја првите бодови на шампионатот на кој се соорганизатори со Шведска и со Норвешка.
Мартин Серафимов беше прво име во македонскиот нападот со 6 гола, пред Марко Митев и Филип Кузмановски со по 4 погодоци.
В недела од 18 часот „црвено-жолтите“ ќе играат со Португалија, која ЕП го отвори со победа над Романија од 40:34.
