Поранешниот фудбалер на Барселона доби богат договор, неговата плата ќе се движи од 35-40 милиони евра, во зависност од неговиот учинок на теренот.

– Со нетрпение очекувам да започнам ново поглавје во кариерата во Париз. Клубот и неговата визија се целосно во согласност со моите амбиции. Знам колку се талентирани играчите и персоналот овде. Решен сум да изградам нешто добро со нив за клубот и навивачите. Едвај чекам да стапнам на теренот „Паркот на принцевите“, изјави Меси за официјалната веб-страница на Пари Сен-Жермен.

Како изгледаше вчерашниот ден на Меси, односно патот од Барселона до Париз, пречекот од навивачите, самите лекарски прегледи и најпосле потпишувањето со ПСЖ погледнете во видеото во продолжение.