Елмас го прослави јубилејот од 200 натпревари за Наполи со врамен дрес
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, синоќа го одбележа значајниот јубилеј од 200 натпревари за италијанскиот клуб Наполи.
Во рамките на прославата, „Дијамантот“ од Наполи доби врамен дрес со бројот 200 како подарок за ова големо достигнување.
Елмас настапи во победата на својот тим против Аталанта со резултат 3:1, играјќи околу 20 минути од натпреварот.
Професионалната кариера на Елмас започна во Работнички, а понатаму тој има настапувано и за клубовите Фенербахче, Лајпциг и Торино.
