,,Говорот на омраза и мизогинијата кон Силјановска извира од Пендаровски, веднаш да се извини за навредите и да преземе одговорност.
Пендаровски две недели на митинзи ја подгрева атмосферата на мизогинија и омраза кон Силјановска. Две недели Пендаровски ја навредува Силјановска. Таквата реторика зема корен и кај неговите поддржувачи и активисти, кои охрабрени од него јавно на неговите митинзи со сексистички коментари ја навредуваат Силјановска.
Ова е видеото од вчерашниот митинг на Пендаровски, каде се гледа како тој го слуша својот активист на два метри од него како ја навредува Силјановска. Да го погледнеме видеото.
После ова видео на секого му е јасно дека извор на навредите, говорот на омраза, мизогинијата и сексизмот е Стево Пендаровски.
Пендаровски имаше можност да го запра својот активист и веднаш да се извини. Тој тоа не го стори.
Ова е повеќе од потврда дека Пендаровски сака ваквата кампања со говор на омраза кон Силјановска да фати корен во СДС и Силјановска да биде мета на константа мизогинија.
Пендаровски промовира вредности кои се спротивни на сите демократски принципи. Ова однесување не смее да биде тренд, туку мора да се осуди. Најмалку што може да направи Пендаровски е веднаш да и се извини на кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова и да преземе одговорност за нападите кон неа кои се поттикнати од него.
Ова однесување за помалку од месец дена ќе биде минато, исто како и Пендаровски, затоа што на 24ти април и 8 мај народот со гласање за Силјановска Давкова ќе си ја врати државата и ќе ја направи Македонија повторно горда и достоинствена.”, изјави Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.