Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков во придружба на полицаец дојде во Кривичниот суд во Скопје, пренесува А1он.

Тој беше спроведен пешки, а комбето на затворската полиција од Струга, не беше позади зградата на Кривичен суд, каде на паркингот секогаш се симнуваат затвореници, по што се спроведуваат во судница.