Сите зборуваат за Меланија

Во последните 24 часа, вниманието на јавноста е насочено главно кон сопругата на претседателот, Меланија Трамп. Таа отсекогаш го привлекувала вниманието на медиумите, не само со својата грациозна фигура и одмерено присуство, туку и со својот моден избор. За време на инаугурацијата на нејзиниот сопруг, Меланија повторно ги привлече погледите со шапката што ја носеше. Според модни експерти, нејзиниот избор на облека испраќа порака за враќање на конзервативните вредности во претседателската институција на САД.

(АНАЛИЗА) Повлекување од СЗО и Париски договор: Кои извршни наредби ги потпиша Трамп на првиот ден од неговиот мандат?

Балот на главниот командант

Како дел од официјалната церемонија за стапување на функцијата, се одржа и балот на главниот командант на армијата, каде традиционално танцуваа претседателот и првата дама, потпретседателот со неговата сопруга и четворица воени лица. За овој свечен момент, Меланија Трамп избра елегантен црно-бел фустан, но сјајните модни поени ги освои сопругата на сенаторот Џеј Ди Ванс, Уша Ванс, со нејзината блескава тоалета во виолетова нијанса.

47-от претседател на САД, Доналд Трамп, започна со исполнување на своите ветувања

Доналд Трамп, 47-от претседател на САД, веднаш запрегна во акција и уште во првите денови од мандатот потпиша 100 укази. Во која насока ќе се движат САД под неговото раководство останува да видиме, како и како тоа ќе влијае на глобалниот поредок. Дури и најистакнатите аналитичари не можат со сигурност да предвидат што да се очекува од Трамп, бидејќи тој често изненадува со своите постапки. Сепак, светот со голем интерес ќе го следи секој негов чекор.