Полицијата во Округот Харис соопшти дека едно лице е пронајдено на местото на несреќата на совозачкото седиште, а друго на задното седиште во саботата вечерта. Полицаецот Марк Херман изјави дека истражителите не се сигурни дека некој управувал со возилото за време на несреќата.
– Според положбата на каросеријата, се чини дека тие биле прилично самоуверени додека се возеле, па се чини, никој не управувал со автомобилот, изјави Херман.
Идентитетот на жртвите не е објавен, само се знае дека се на 69, и 59-годишна возраст.
„Тесла“ не одговори веднаш на барањето за коментар. Компанијата, инаку, ги предупредува корисниците дека системот за помош на возачот, наречен „Автопилот“, не е програма за самуправувачко возење и дека мора да се обрне внимание, како и дека возачите мора да бидат подготвени во секој миг да го фатат воланот.
Сепак, Националната алијанса за безбедност во сообраќајот соопштува дека системот им овозможува на возачите да не прават разлика кога може, а кога да не се користи автоматски пилот.