Новинарот на Ројтерс не е уапсен во Скопје, туку повикан е на информативен разговор

Радио Лидер ексклузивно дознава дека нашата полиција не го уапсила новинарот од Ројтерс. Заедно со уште осуммина кои летале дронови уредно се повикани се на информативен разговор согласно законот за воздухопловство. Нигде нема апсење. Затоа не реагира ниту матичната куќа на здружението Ројтерс. Здружението на новинари во Македонија реагираше, но вистината е дека нема ниту еден уапсен.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека неколку новинари се повикани на разговор бидејќи немале дозвола за снимање со дрон. Новинарот Љупчо Златев ја образложи оваа лажна вест во емисијата „утринско еспресо на Радио Лидер“.

Погледнете го краткото видео

На оваа тема, Златев се огласи и вчеравечер.

Од една страна плачеме дека нема систем, а од друга страна плачеме кога некого ќе приведат затоа што летал дрон без дозвола. Системот предвидува дека за да летате дрон, мора да добиете дозвола од МВР. Ако немате таква дозвола, системот е должен да ве приведе. Утре ако недај боже некој биде усмртен поради дрон, истите кои сега плачат ќе пишуваат дека нема систем и дека не се спроведувале законите и правилата. Од ваквиот лигав пристап ни изгореа децата во Кочани. А за тој од Ројтерс, кој наводно рекол „Јас не сум видел ваква држава…”, нека оди на Трафалгар сквер и нека лета дрон со камера без дозвола од CAA и без да има OperatorID, па да види што ќе го снајде, пишува главниот и одговорен уредник на Радио Лидер, Љупчо Златев.