Како што пренесува Ројтерс, информацијата ја јави блискоисточниот дневен весник Араб њуз на англиски јазик, повикувајќи се на Ал Арабија.

Агенцијата Анадолу јави дека министерството за одбрана на Турција соопштило дека пет работници смртно настрадале во експлозијата која се случила во Фабриката за ракети и експлозиви, машини и хемиска индустрија (МКЕ) во округот Елмадаг.

Во соопштението на турското министерство за одбрана се наведува дека се случила страшна експлозија во фабриката во Анкара.

„Во фабриката за ракети и експлозиви МКЕ во округот Елмадаг во Анкара се случи експлозија. Во експлозијата загинаа пет работници. Отворена е судска и административна истрага за случајот“, се наведува во соопштението.