Еден убиен, осум повредени лица, многу уапсени додека девојче се бори за живот. Ова е билансот по крвавите нереди во Атина во пресрет на вечерашниот натпревар меѓу ПАОК и Динамо Загреб во третото квалификациско коло за фудбалската Лига на шампиони.

Во дивеењето учествуваа членови на „Бед Блу Бојс“ од Загреб кои, според грчките медиуми, заедно со збратимените навивачка група на Панатинаикос го нападнаа фановите на АЕК во непосредна близина на стадионот.

Убиениот навивач е на АЕК, тројца од повредените се Грци, останатите Хрвати. Уапсени се вкупно 96 лица, а нередите беа причина за грчкиот министер за заштита на граѓаните да се врати во Атина.