Да потсетиме, пред само два дена, околу полноќ во недела спрема понеделник, дванаесетте најважни европски фудбалски клубови објавија дека постигнале договор за формирање на ново натпреварување – Суперлига. Тоа се Реал Мадрид, Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
🎶 WE SAVED FOOTBALL 🎶
Chelsea fans celebrate the news that the club has begun the process to leave the Super League.
(via @RiyadDilhan) pic.twitter.com/QIOQAoMN6r
— ESPN FC (@ESPNFC) April 20, 2021
Во Суперлигата, која ќе биде директна конкуренција на Лигата на шампионите на УЕФА, ќе играат 20 клуба. Покрај 15-те основачки клубови (се чека името на уште три клуба), ќе учествуваат уште пет клуба врз основа на резултатите. Сите натпревари ќе се играат во текот на неделата, така што овие клубови ќе продолжат да се натпреваруваат во националните лиги – ако лигите не ги суспендираат поради овој потег.
Тоа беше идеја што веднаш наиде на осуда за фудбалскиот врв, но и добар дел од јавноста на која тоа не и се допадна. Дел е пред „Стемфорд Бриџ“ и го принудува клубот да се предомисли. Ова е момент на ентузијазам со кој е дочекана информацијата дека Челси нема да игра во Суперлигата.