По трагедијата во Белград во која момче уби неколку соученици и чувар, многу медиуми зборуваа за слични злосторства во Америка. Слична идеја имала и водителката на Хепи ТВ, но нејзината несмасна употреба на зборови го направи нејзиното објаснување вирален хит на Твитер.

Водителката на емисијата „Рано јутро“ на српската телевизија Хепи стана вирален хит откако во емисијата ги спореди големината на Србија и Америка.

Видеото кое беше објавено трае само 10 секунди, а на оваа социјална мрежа собра многу коментари.

– Америка е голема земја и голема држава. Србија, секако, сите знаеме дека е двојно помала. А можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка… – објасни водителката во програмата.