Војник кој вчера присуствувал на поздрав во замокот Кардиф во Велс за време на крунисувањето на Чарлс Трети паднал во несвест, а двајца војници потоа го земале и го оддалечиле од построените војници.

Несреќниот војник е припадник на 104-от полк на кралската артилерија кој за време на кралската церемонија во чест на крунисувањето на кралот Чарлс паднал во несвест. Гардистот во моментите кога излегува пред построена чета ја загуби свеста и паѓа на глава во калта. Неколку мигови подоцна двајца војници пристигнуваат и го оддвлекуваат онесвестениот гардист . А другите војници потоа мирно ја продолжиуваат церемонијата.