Саша Богдановиќ упати критики кон актуелниот градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски. На новинарско прашање дали му е криво што тој не е кандидат па затоа го напаѓа, или пак тоа го прави заради реални проблеми во општината.
Кога кажуваш „одличен“ или „добар“ треба да дадеш аругменти. Претпоставувам дека проаѓаш низ Центар, не си цело време таму, па затоа ги гледам разликите кои се направени, одговори Богдановиќ до новинарот Златев којшто рече дека Герасимовски е добар градоначалник.
Понатаму, Богдановиќ ги објасни детално работите од Општина Центар.
Јас на изборите 2017 година добив 18.000 гласови. Горан во 2021 година доби 8.000 гласови. Веќе недостасуваат 10.000 гласови на политичката опција која заедно сме припаѓале. Порано имавме капацитет да соработуваме со политички фактори, невладини организации, а се тоа беше големо гласачко тело кое правеше разлика. Горан го прокоцка и го уништи се тоа, рече Богановиќ.
Ексградоначалникот вели дека дури 68% од гласачите во Центар гласале опозициски.
Во Центар 32% од излезените гласачи гласаа во корист на Горан Герасимовски. 68% гласаа за кандидатите против него. Расположението во Центар е против актуелниот градоначалник.
Богадновиќ вели дека добриот мандат на Горан Герасимовски се должи на неговиот градоначалнички мандат.
Градинката во Пролет е со ДУП кој е донесен додека јас сум градоначалник. Планот за јавни набавки е усвоен додека јас сум градоначалник. Буџетот и средствата се направени додека јас сум градоначалник. Одобрението за приправни работи, имаше предвидено деловен објект, го избришавме и припремивме градника. Герсимовски имаше обврска само да изгради, а целата постапка беше завршена во мојот мандат, рече Богдановиќ до Герасимовски во однос на градинка до населбата Пролет.
Богдановиќ го обвини Герасимовски дека е лош градоначалник. Го обвини дека не повлекол средства за нови проекти, а можел да повлече 4 милиони евра за нови проекти. Тој вели дека Горан Герасимовски не ги ценел претходните градоначалници, а направил рез како се да почнува од него.
