Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев преку својот Фејсбук профил, информираше за пожарот во фабриката Ником. Пожарот бил локализиран околу 01:30 часот. На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кавадарци со екипи од Комуналец, Шумско стопанство Бор и екипи од Велес и Неготино.
,,Голем пожар во фабриката Ником.
Службите на ТППЕ Кавадарци во полн состав од 30 пожарникари на терен, напорно интервенираат со цел пожарот што побргу да се стави под контрола и целосно да се изгасне.
Дополнително интервенираат и екипи на ЈП Комуналец, Голд Никел и ШС Бор, како и екипи од Велес и Неготино.”, напиша Јанчев.
Ником е фабрика за производство на дрвена амбалажа од сите видови димензии, како и производство на пелети. Располага и со ладилник за складирање на земјоделски производи.