Голем пожар избувна вчера во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“. Според информациите оттаму гореле погони и машини, а пожарот избувнал доцна попладне.
Пожарот го гаснеле пожарникари од ТППЕ Радовиш, а на помош биле повикани пожарникари од Струмица, како и од доброволните против пожарни друштва од Злеово и Конче.
