Голем пожар изби претпладнево во магацин на фабрика во скопската населба Карпош 4, а густ црн чад се издига над објектот и е видлив од повеќе делови на градот.

Очевидци сведочат дека пламенот за кратко време го зафатил покривот, а низ населбата се шири силна миризба на горење. Вознемирени граѓани јавуваат дека над Скопје кружат и хеликоптери.

На фотографиите од местото се гледаат пламените јазици што излегуваат од покривот на објектот, додека чадот се крева високо над населбата и предизвикува вознемиреност кај жителите.

Во овој момент нема информации за евентуално повредени лица, ниту за причината за избувнувањето на пожарот. Се очекува противпожарните екипи и надлежните институции да излезат со повеќе детали во текот на денот.