Отстранување на бесправно изградените и узурпирани објекти на јавни површини започна на територијата на Скопје, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, најавувајќи дека акцијата ќе се спроведува без отстапки.
Нема толеранција за бесправно изградените објекти
Според Ѓорѓиевски, станува збор за сеопфатна и одлучна акција чија цел е заштита на јавниот интерес и овозможување слободно, безбедно и достоинствено користење на јавните површини од страна на граѓаните.
Градоначалникот порача дека јавниот простор мора да биде достапен за сите под еднакви услови и дека узурпацијата на тротоарите, пешачките патеки и другите јавни површини нема да се толерира.
– Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање! Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти и нема да има никакви отстапки. Јавните површини им припаѓаат на граѓаните. Тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на ничиј личен интерес. Повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на нашите сограѓани, изјави Ѓорѓиевски.
Нема толеранција за бесправно изградените објекти
