– Ја избрав синофарм затоа што сметам дека е најпогодна.

– Мислам дека не сме по паметни од науката и не терба да веруваме во секакви заговори, сметам дека сите треба да се вакцинираат, ова е најдобар начин да се спасиме од вирусот, но ги делеа и оние ваучери, па и затоа дојдов.

Државниот секретар во Министерството за здравство Мирсад Ѓерлек изјави дека државата до секој поединец сака да ја приближи вакцината на лесно достапни места за вакцинација. Тој кажа дека пунктот во трговскиот центар денеска е отворен од 9 до 20 часот, а утре од 12 до 20 часот.

-Сите вакцини се достапни на тој пункт. Србија се приближува до процентот од 50 отсто од граѓаните кои ја примиле втората доза. Ајде сите да покажеме одговорност заедно, со користењето на милионските дози вакцини што ги имаме и максимално да одговориме на масовната вакцинација и до летото да се вратиме во нормалниот живот. – изјави Мирсад Ѓерлек – државен секретар во министерство за здравство на Србија.

Во текот на изминатите недели, некои претприемачи во Србија им понудиле на вакцинираните и бесплатен ручек, се бирало меѓу„вол на ражен, гулаш од дивеч, колачи, пијалоци, но имало и финансиски стимулации за вработените, додека некои трговски центри нуделе ваучери за оние што ќе се вакцинираат во тие објекти. Ваучери за најбрзите ќе се делат и во наредните денови.

Инаку до вчера, речиси 490.000 жители на Белград се вакцинирале со две дози, што е 35% од полнолетното население.

-На нас ни недоставува 87 илјади шесто шесет и пет лица уште да се вакцинираат, за да дојдеме до 50 отсто. Јас очекувам дека брзо ќе го постигнеме тоа. – изјави заменик градоначалникот на Белград, Зоран Весиќ.

Според белградските власти денешната слика во трговскиот центар дава надеж дека ќе бидат уште по успешни во имунизацијата на граѓаните.