Во Брисел се случи помал инцидент меѓу земјоделците кои денеска протестираа пред седиштето на ЕУ и полицијата, кога група демонстранти го проби полицискиот кордон за да се добли до плоштадот Шуман, кој е центар на протестот. Демонстрантите фрлаа измет, портокали и димни бомби кон полицијата, а еден фармер го покри патот со слама, пишува Брисел Тајмс, повикувајќи се на новинската агенција Белга.

Некои земјоделци запалија бали со сено и тракторски гуми, а некои фрлаа гуми пред влезот на седиштето на ЕУ.

 

Земјоделците рано утринава влего во градот, а според портпаролката на полицијата Илсе Ван де Кеер, во Европскиот кварт има најмалку 300 трактори, кои ги блокирале околните улици.

Сирените се огласија и неколку димни бомби беа поставени во градот, а неколку тунели, патишта и метро станици беа затворени поради протестите.

Агенцијата АП јавува дека земјоделците изградиле бетонски бариери и го опколиле седиштето на Европската унија со бодликава жица, дека тракторите се украсени со знамиња и транспаренти, а некои од нив фрлаат гуми пред влезот на зградата на ЕУ.

Во Брисел денеска се одржува состанок на министрите за земјоделство на Европската унија.

Земјоделците веќе неколку недели водат кампања против, како што велат, престрогите европски еколошки правила и падот на приходите и бараат од Европската унија да се повлече од договорот за слободна трговија, а конкретно денеска фокусот е на договорот Меркосур со јужноамериканските земји кој има за цел да дозволи евтини производи на пазарите на другите.

Земјоделците исто така бараат да се регулираат пазарите за да се гарантираат фер и стабилни цени, целосна земјоделска и прехранбена политика за поддршка на агроеколошките практики и прилагодувања на регулативата за азот.