Денеска во Собранието за време на говорот на премиерот Димитар Ковачевски, пратениците од опозицијата во знак на револт и со порака „НЕ“ за францускиот предлог, со свирежи го бојкотираа говорот на премиерот.
Од јачината на звукот едвај се слушаше што зборуваше Ковачевски, но тој не го прекина говорот продолжи да зборува и покрај силните свирежи со труби и свирчиња.
Додека Ковачевски се обидуваше да го заврши говорот, дел од пратениците од власта се држеа за глава и ги затвораа ушите.